Земјоделците на истокот се жалат на зачестени кражби – бараат полицијата да реагира

Засилени полициски контроли бараат земјоделците од Кочанско откако како што велат, крадци им ги сардисале селата.. Тврдат дека неканетите гости присвојуваат биквално се и сешто, но најчеста мета се земјоделската механизација и алатки. Таков е случајот и  со Стојан Стојменов од село Теранци.  Ноќта на Бадик натрапници му го украле тракторот паркиран во дворот, кој и по два месеци се уште не е пронајден.

  „На 6-ти јануари во 4часот сабајле ми го украдоа тракторот од дворот. Пијавивме.Полицијата не дојде на лице место на увид. Наместо тие да дојдат на увид , син ми беше кај нив.Ги препродават. Ова не е единствен случај.Има украдено три трактори  и коли и комбиња . Ова е срамота што работи полицијата„-изјави Стојан Стојменов, земјоделец од с.Теранци.

Дрските крадци ги празнат и амбарите полни со пченица и ориз. Пред камерата на Алфа сведочи  и земјоделецот Ристо Аврамов од с.Облешево на кој  натрапниците му го десеткувале амбарот.

  „Лани ми ја украдоа пченицата што ја извадив обработувајќи декар и половина земја. Бев, пријвив и никому ништо. Им кажав кои се , но никој не презема мерки„-вели Ристо Аврамов, земјоделец од с.Облешево.

Земјоделците се категорични. За да си го заштитат крваво спечалениот имот ако треба и ќе дежурат во смени. Од штипската полиција потврдуваат дека за помалку од половина година се украдени три трактори и ниту еден случај не е расветлен.Неретко, објаснуваат нашите соговорници  мета на крадците  се и теглите со зимница и се она што успеале да го произведат на нивите, но тешко кои од нив се решаваат да пријават во полиција.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста