На журки без маски и „залепени“, на училиште со растојание и маски, дел од докторите: Нелогично е

На забави без дистанца и маски, во училиште со маски и отворени прозорци. Трудниците се враќаат на работа, но мерките кај учениците за заштита од корона вирусот остануваат на сила. Дел од лекарите сметаат дека има низа нелогичности во мерките на здравствените власти, или да важат за сите или за никој. Др. Ирена Витановска која работи со ковид паиценти, вели дека во последниот период бројот на заразени деца опаѓа, а трудниците кои имаат корона вирус, имаат генерално лесни симптоми. Вели дека, ако мерките се олабавуваат за една група на граѓани, треба тоа да важи и за другите.

Треба да се укинат, ако одат на концерт без маски, треба и во училиште, логично е. Нема никаква логика, ако гледаме од аспект дека имаме колективен имунитет, голема маса на луѓе се разболе од корона вирус. Нема логика да се држат овие мерки – изјави д-р Ирена Витановска, специјалист по општа медицина.

Дел од родителите посебно на основците, бараа од здравствените власти да ја укинат мерката која предвидува задолжително носење маски во училниците. За сега тоа барање Министерството за здравство не го послуша. Од Комисијата за заразни болести се децидни, училиштата се сериозен ризик од трансмирија на вирусот, и не е време за укинување на мерките.  

Училиштата се место каде има сериозна концентрација на ученици, потребно е да се носат маски, тоа препорака и на СЗО, особено секга кога имаме толку пренослива варијанта како Омикрон, преносот од дете на дете, многу мал период е потребен да се пренесе вирусот. Училиштата се сериозен ризик од трансмисија. Утре на состанок, ќе дискутираме за можно олабавување на одредени мерки – изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ.

Институтот за јавно здравје треба да направи анализа која ќе ја разгледуваат членовите на Комисијата за заразни болести – дали 18те асимптоматски случаи од 2200 тестирани ученици во рамки на скринингот покажвуа дека наставата со физичко присуство е безбедна и дали е време за олабавување на мерките.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста