Ковачевски утре ќе предложи ново партиско раководство, во среда ќе добие мандат за да формира нова Влада


Deprecated: Implicit conversion from float 1714281417.801057 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Највисоките партиски органи на СДСМ утре на седница треба да ја потврдат номинацијата на Димитар Ковачевски за мандатар кој треба да го формира новиот владин состав. Нови имиња или веќе потрошени кадри – иако нема потврдени имиња, веќе се шпекулира за можните нови потпретседатели на СДСМ – Нина Фити, членка на Извршниот одбор на СДСМ, пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, градоначалникот на Валандово Перо Костадинов, актуелниот потпретседател и вицепремиер Фатмир Битиќи. Веќе е објавено дека Миле Зечевиќ ќе биде нов генерален секретар на СДСМ, а Бојан Маричиќ секретар за меѓународна соработка.

И додека се крои новиот кабинет на Ковачевски, опозицијата гласно алармира дека тој нема легитимитет да ја води новата влада. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предупредува дека новиот претседател на СДСМ не може да биде и мандатар во новата влада бидејќи не ја добил довербата на народот на ниту едни избори.

Реагираат и од партијата на Села – категорични се дека Ковачевски можеби има уставно право за формирање нова влада, но нема легитимитет да ја води владата.

-Ковачевски не може да има никаков легитимитет, поради самиот факт што токму Зоран Заев победи на изборите со ветувањата и програмите што ги даде. Легитимитет нема ниту Али Ахмети и ДУИ кои изборите ги добија во 2020 година со само едно ветување – дека ќе има премиер Албанец за четири години. Алтернатива исто така не може да има легитимитет, бидејќи заедно со Алијанса за Албанците доби мандат да направи промени во албанското општество -рече Села.

Според најавите шефот на државата во вторник треба да го добие известувањето од СДСМ како партија која има мнозинство во Парламентот дека именува мандатар за формирање на нова влада, а веќе во среда Пендаровски ќе го додели и официјално мандатот.

По тоа започнува да тече рокот од 20 дена во кој Димитар Ковачевски треба да го формира и новиот владин кабинет. Веднаш штом Собранието го добие предлогот на мандатарот почнува да тече нов рок од 15 дена во кој спикерот Џафери мора да ја закаже седницата на која ќе се избира Владата.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174