Филипче ги „подучува“ светските лидери – вели светот морал да научи да живее со вирусот!

Министерот за здравство Венко Филипче ги подучи светските лидери, кои воведоа итни мерки за заштита од најзаразната Омикрон мутација оти „морале да научат како да живеат со вирусот“. Филипче и натаму тврди дека состојбата со Ковид 19 во земјава е под контрола и оти немало потреба за нови рестриктивни мерки. Не може за секој нов сој да го затагеме обрачот вели Филипче.

„Лично сметам дека ниту омикрон сојот ниту поради кој било друг што евентуално би се нашол треба да се прават некакви дополнителни рестрикции. Сметам дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од кризата. Не можеме ние за секој еден сој, без разлика на карактеристиките, се до оној момент додека не ја влошува ситуацијата, да воведуваме дополнителни рестриктивни мерки“, рече министерот за здравство во заминување, Венко Филипче.

Тоа што во моментов нема нови рестрикции, според министерот, нема да стане товар за неговиот наследник, Беким Сали, бидејќи според Филипче, новиот министер ќе го преземел ресорот со огромно олеснување со оглед дека ситуацијата е мирна, а болниците се празни. Сепак, вели, Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката состојба во Македонија и доколку таа се влоши ќе предложеле нови мерки.

„Сега ковид-центрите не се полни поради тоа што нема пациенти, едноставно нема приеми ниту во ковид-центрите во Скопје ниту ширум државата. Во огромен број инфективни одделенија практично и нема хоспитализирани, десетина инфективни одделенија практично се празни. Дел од пациентите кои се дијагностицирани се праќаат на домашно лекување поради тоа што имаат полесна клиничка слика“, рече Филипче.

Во Македонија се уште има само еден случај позитивен на Омокрон варијатната, но надлежните најавуваат оти нови секвенционирања ќе се прават наскоро за да се утври дамли новиот сој дополнително се раширил.

Во меѓувреме, голем број земји во светот се блокирани токму поради новата Омикрон мутација. За влез во Грција се бара негативен ковид тест, а земјата ги откажа сите јавни новогодшини и божиќни прослави. И Црна Гора ги откажа новогодишните настапи на плоштадите. Словенија забрани масовен дочек на Нова година на отворено, но дозволи работа на угостителите само со ковид сертификати или негативен тест.

Германија ги ограничи приватните собири на 10 лица, а одлучи да ги затвори и ноќните клубови. И Португалија ги затвори баровите и ноќните клубови, а работата од дома е задолжителна до 9 јануари.

Поради Омкрон, авиокомпаниите откажаа илјадници летови, па така група српски туристи останале заглавени на Занзибар и мора сами да се снаоѓаат за враќање дома.

Биљана Божиновска

Advertisements

Поврзани вести