Мицкоски: Како е можно во обвинението за пасошите да нема злосторничко здружување и фалсификување на патна исправа?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште еднаш предупреди  дека Власта по секоја цена ги штити крупните ѕверки замешани во криминалот а во судските процеси вината ја превземаат таканаречените ситни риби. Според него, осудените во судскиот процес, во јавноста познат како „Мафија“, одлучиле да се жртвуваат и да одлежат 2-3 години казна затвор, додека оние што навистина се виновни за делењето пасоши на криминалци, и понатаму седат во началничките фоелји. 

Не можам да останам нем и да не го искажам разочарувањето и гневот кај мене бидејќи никаде не слушнавме за злоупотреба на патни исправи никаде не слушнавме злосторничко здружување, така што, овие луѓе во договор со нивните началници и повисоките структури во МВР, одлучиле да ја превземат вината, да одлежат две три години затвор но треба сите да знаат што се инволвирани во овој случај дека половина албанска, турска, црногорска мафија, италјанска, шпанска, мафија имаат македонски пасоши и ние нема да останеме неми на ова, веднаш по промената на илинденска, веднаш по превземањето и честа за управување со оваа влада, овој случај повторно ќе го отвориме и вистинските злосторници ќе бидат изведени пред лицето на правдата  – вели Мицкоски.

Во меѓувреме се редат признанија на вина за злоупотреба на службена положба и овластувања, но засега за крупните играчи како да нема ништо. Последните двајца кои признаа вина, со кои бројот на осудени е седум лица, добија затворски казни од две и пол години, односно една година и седум месеци. Она што дополнително фрла сенка на случајот не се само малите казни за вработените во МВР, кои како ниски сруктури тешко ќе можеле да организираат таква операција која траела околу четири години, туку и тоа што не е отворена истрага за вмешаност на високи функционери.

Инаку, Мицкоски критикуваше и дека нема никаква разврска во случајот со набавката на кинеските вакцини, која властите се обиделе да ја направат преку фирма посредник и тоа како што вели за мноку поскапа цена по доза.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста