Во Штип пак нема лекари, напомош одат од Скопје


Deprecated: Implicit conversion from float 1714293705.278177 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Специјалист по физикална  од Скопје ќе ги лекува пациентите од Источниот регион, откако сите тројца лекари на ова одделение се позитивни на Ковид-19. Покрај лекарите, со вирусот се инфицирани медицинска сестра и болничар, а помалку од десетина пациенти се во изолација. Засега ниту еден од пациентите нема пројавено симптоми. Откако Министерот за здравство ќе го потпише одобрението  од вторник, најдоцна среда состојбата на ова одделение ќе се стабилизира, информира првиот човек на штипската Клиничка болница. И на Кардиологија има реорганизација, откако тројца од здравствените работници добија позитивни резултати. Според директорот персоналот има целосна заштита и се почитуваат протоколите . како дошло до инфицирање на вработени во две одделнија засега е нејасно, објаснува Ален Георѓијев

   „Сите ги почитуваат протоколите. Сите ја имаат пропшишаната здравствена опрема, меѓутоа живи луѓе сме и здравствените работници имаат животот по работното време. Како што реков апсолутно е неважно кој каде се заразил„-изјави Ален Ѓеоргијев-дир. на КБ-Штип..

 Пред неколку месеци поради инфицирање  на поголем број на медицински кадар  под знак прашалник беше доведена работата на Ренген одделението и Лабараторија, а Инфективното одделение рабптеше само со еден инфектолог.

Новиот бран го зголеми и бројот на заболени во регионот, но и на хоспитализирани. Болничките извештај покажуваат дека бројот на хоспитализирани за 30% е зголемен, за разлика од минатиот месец. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174