Ќе се гради ли со истечна градежна дозвола хотелот кај Горица?


Deprecated: Implicit conversion from float 1714273546.627384 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Македонската Асоцијацијата на архитекти барада прекине постапката за градење на хотел во Горица се додека не се направи увид во плановите и проектите за хотелот, кој треба да го замени постојниот ресторан “Парк” кој е дел од охридското архитектонско наследство на 20-тиот век.Управниот одбор на асоцијацијата на архитекти бара стручна анализа со вклученост на експертската  јавност со цел да се види дали изградбата на хотелот со висина од 13,5 метри на 3 ката и потпокрив е во согласност со законските уредби,пропишани правила и прописи?

Дополнително, проблемот се усложнува и со фактот дека се отпочнати дури и градежни активности и покрај тоа што е надминат законскиот рок за отпочнување со градба најмногу две години од издавањето на одобрението за градење согласно Член 66 од Законот за градење. Во него се пропишува дека доколку е надминат рокот издаденото одобрение за градење е неважечко, а идната градба бесправна- велат Асоцијација на архитекти на Македонија.

Во потребната документација за изградба на хотелот која се прибавувала цели 9 години,стои дека на 6.јули 2018-та е добиено правосилно одобрение за градење.И покрај ова,градоначалникот Георгиевски за кого нема ништо спорно во изградбата на хотелот,го прашавме дали има документ кој потврдува дека пред да се усвои урбанистичко планската документација имало јавна расправа?

За каква јавна расправа ме прашувате ? За изградба на хотел со вакви габарит и на ваква атрактивна локација дали имало јавна расправа?  За јавна расправа за донесување на локална планска урбанистичка документација ме прашувате?За во 2009-та година да Ви одговорам дали имало јавна расправа? Дали проверивте,дали имало ? Имало важечка планска документација донесена во 2009-та година ,тоа е одговорот-рече Константин Георгиески-градоначалник на Охрид

За експерите меѓудругото е спорно и решение со кое се одобрува елаборатот за заштина на животна средина издадено пред 11 години,како и водостопанската дозвола издадена пред 5 години.

Изградбата на хотелот со ваков габарит и на ваква локација е претуркано на мала врата, пред да се донесе урбанистичкиот план за крајбрежејето.Од Асоцијацијата на архитекти чекаат одговор на прашуваат дали за ова се произнела Националата комисија на Унеско? 

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста