Четврта медицинска сестра си дава оставка од Инфективната клиника


Deprecated: Implicit conversion from float 1714300594.381392 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Четврта медицинска сестра за само една недела ја напушта Инфективната клиника во Скопје, неофицијално дознава Алфа. Потврда од ресорното министерство и од Инфективната клиника не добивме и покрај бројните испратени прашања. Инаку,станува збор за медицинската сестра Ирена Попкочева a причините за нејзината одлука не се познати. Додека Филипче убедуваше дека ситуацијата на Инфективна е стабилна, на терен се гледа друго – клучните фактори во битката со Ковид 19 очигледно не го добиваат третманот што го заслужуваат.

“Имаме секојдневни известувања од разни болници каде што медицинските сестри пред се во овие услови на епидемија заминуваат од јавното во приватното здравство. И заминаа поради незадоволство и подобри услови за работа во приватните болници. Нашите сознанија велат дека голем е бројот на медицински сестри кои се спремаат да ги пополнат местата во регионот и ширум Европа.” – вели Гордана Бешлиовска – претседателката на здружението на медицински сестри.

Дека незадоволството кај медицинскиот персонал е се поголемо докажува и револтот и најавата за штрајк кај вработените во Инфективното одделение во Гостивар.Се жалат дека останале со празни раце и не ги добиле ветените платежни ваучери во вредност од 40 отсто од платата. Од МЗ за Алфа велат дека допис за проблемот е испратен до Фондот за здравство, но кога ќе ги добијат парите останува непознато.

“Поднесовме и приговори но и од тоа ништо.Ова мора некако да се реши.Ние не баравме, тие сами рекоа дека ќе доделуваат,а сега не ги даваат.Сакаме да поднесеме тужба, ако треба и ќе штрајкуваме.” изјави Ратко Наумовски – раководител на Инфективно одделение во Гостивар.

Незадоволството беше причина сестрите Дивна, Зорица и Силвана да ги соблечат скафандерите и да поднесат барање за отказ до директорката на Инфективна пред седум дена. Трите медицински сестри се на одмор по чие завршување ќе одлучат дали ќе се вратат.  Според информации на Алфа, освен трите медицински сестри и други вработени на клиниката имале несогласувања со дел од раководните лица околу начинот на работење.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174