Во ек на пандемија се одвојуваат милиони за НВО, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

На денешната прес конференција, Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека извесни НВО се во коруптивната мрежа на СДСМ и во ек на пандемија се одвојуваат милиони за истите.

Таа потенцираше дека Владата на СДСМ продолжува со компромитирање на невладините организации во својата коруптивна мрежа. Во услови на рапидно зголемување на бројот на заразени од Ковид-19 и во ситуација кога македонската економија е во криза, на седница на Владата на Република Македонија, министрите на СДСМ ја усвоија „Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите“ со која се предвидени финансиски средства во вредност од триесет милиони денари или приближно пола милион евра за финансирање на невладини организации. Факт е дека неспособната Влада на СДСМ и крајно политизираната Комисија за заразни болести не успеаја да се справат со пандемијата па сега ќе ги вклучуваат невладините организации наводно во справувањето со кризата, а на сите ни е многу добро јасно која е целта и каде ќе завршат овие пари, нагласи Василевска.

Василевска потенцираше дека одлуката на Владата за доделување на средства на здруженија на граѓани од ВМРО-ДПМНЕ ја сметаат како обичен обид за поткуп на група на невладини во предизборието. Веројатно, фактурата за несебичната поддршка на Владата на СДСМ во изминатите три години од страна на група на владини-невладини е пристигната, па дојде времето СДСМ да се оддолжат на невладините организации. Овој обид за масовен поткуп на невладините организации е уште една форма на криминална уцена со која директно се загрозува кредибилитетот и интегритетот на невладиниот сектор, вели Василевска

Исто така, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека и понатаму ќе продолжат да укажува на расипничкото трошење на буџетските средства, уште повеќе во ситуација кога вкупниот јавен долг веќе достигнува до 60%. Ги повикуваме и здраво-разумните членови на СДСМ да се откажат од активности и постапки во насока на предизборен поткуп, за кои во идното враќање на демократијата и во следното формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста