Непочитувањето на мерките од страна на граѓаните го донесе новиот бран на заболени, обвини Филипче

Екипите за јавно здравје интензивно работеа на терен и оваа бројка е резултат на тоа и тоа беше очекувано. Тоа беше рано детектирање за рана изолација. Се покажа дека дека најголем број од заболените се всушност заболени на семејни или други собири, па со ваквата стратегија ги изолиравме сите контакти на заболените меѓу нив и тие кои немаа симптоми, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Според Филишче полицискиот час дозволил брз пристап и тестирање, и позитивно било што имало поодбра соработка со граѓаните и огромен процент од новодијагностицираните се асимптоматски и лесна клиничка слика и од вкупниот број само 8 пациенти се на механичка вентилација.

Филипче додаде  дека околу 65% од активните случаи во Скопје се поврзани со познат случај, од нив 90% паѓаат во 41 кластер, а слична е состојбата со другите кризни региони. 

„Оваа кластерска анализа покажа дека речиси сите нови случаи се поврзани со некаква форма на собир од точно пред две недели. Непочитувањето на мерките не доведе до овој бран“ рече Филипче

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста