НАкС го обвинува ректорот на УКИМ дека сака избори среде вонредна состојба


Deprecated: Implicit conversion from float 1714259260.701467 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Независнииот академски синдикат го обвинува ректорот на УКИМ Јанкуловски за прекршување на Статутот на универзитетот , Законот за високо образование и Уредбата донесена од Владата во услови на вонредна состојба.

Од синдикатот денеска поднесоа претставка до Државниот просветен инспекторат за отпочната постапка за избор на членови на Сенатот на Универзитетот со која од страна на Јанкуловски  се прекршува член 155 од статутот обвинуваат од синдикатот.

  • Членот 155  предвидува изборот за сенатори да почне 60 дена пред истекот на мандатот на Сенатот, а од 22 мај до 27 сигурно јуни нема 60 дена, предвидено е постапката за избор на нови сенатори да заврши до 8 јуни. Ова е во спротивност и со Уредбата на Владата , бидејќи таа предвидува мандатот во услови на вонредна состојба да им се продолжува на сите органи и тела  кои што до пред отпочнувањето на истата не била започната постапката за нивен избор вели Елена Џукеска – в.д. претседателката на НАкС.

Од синдикатот велат дека според нив ова не било непознавање на законската регулатива туку обид за манипулација на Јанкуловски.

Ректорот Јанкуловски за Алфа вели дека писмото  е пратено по олабавувањето на мерките во делот за присуство на бројот на лица во затворен простор, па така што се создадени услови за одржување на седници на наставно-научните совети за тајно гласање тврди Јанкуловски.

  • Изборот на членови на Универзитетскиот сенат се врши со тајно гласање. Согласно Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, постапката за избор на членови на Универзитетскиот сенат ја покренува ректорот најмалку 60 дена пред истекот на мандатот на постојниот Сенат, односно најдоцна 27 април. Меѓутоа, следејќи ги мерките и протоколите на Владата, не можеа да се одржат седниците на наставно-научните совети на факултетите и научните институти, со физичко присуство на нивните членови вели ректорот на УКИМ- Никола Јанкуловски .

Инаку,ова е втор пат Јанкуловски да биде обвинуван од синдикатот, предходно, го обвинуваа и  за спорната постапка при избор на ректор на УКИМ во вонредна состојба . Денеска државниот просветен инспекторат ќе врши надзор над постапката, оти антикорупциска и синдикатот алармираа за евентуални неправилности.

Викторија Миткова

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174