Заев за Алфа: 20 дена не сум имал директен контакт со Зекири

Лидерот на СДСМ Зоран Заев последните 20-тина дена немал директни контакти со потпретседателот Мухамед Зекири кој објави дека е позитивен на Ковид-19.
Заев вели дека во седиштето на СДСМ се преземаат сите мерки и протоколи пропишани од здравствените и надлежните институции за заштита на здравјето, а состаноците се одржуваат согласно сите мерки за заштита.

– “Од самиот почеток на глобалната пандемија во седиштето на СДСМ се преземаат сите мерки и протоколи пропишани од здравствените и надлежните институции за заштита на здравјето на секој поединец.
Во седиштето на СДСМ обезбеден е протокол и услови за лична дезинфекција, поставени се соодветни средства за оваа намена секаде, се прави редовна дезинфекција на сите простории, се почитува физичката дистанца како и насоките за носење заштитна опрема како маска или марама.
Состаноците се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна лична дезинфекција.
Доколку постои одлука или задолжение од некоја надлежна институција за самоизолација, или пак други мерки кои здравствените власти оценат дека треба да се преземат, СДСМ ќе ја информира јавноста.
СДСМ како и досега и натаму ќе продолжи целосно да ги спроведува препораките и задолженијата од институциите во насока на заштита на јавното здравје и здравјето на секој поединец. Исто така, јас не сум имал директно контакти последните 20тина дена со нашиот потпретседател Мухамед Зекири” вели Зоран Заев.

На прашањето дали раководството ќе оди во самоизолација доколку имале контакт со Зекири, тој додава дека ако постои одлука од надлежна институција за самоизолација или други мерки, СДСМ ќе ја информира јавноста.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста