Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири. Тој кажа доколку државите и градовите не успеат да ги контролираат протестите и да ги заштитат своите граѓани дека ќе ја мобилизира војската и дека брзо ќе го реши проблемот за нив.

 

„Се заколнав дека ќе ја бранам Америка и ќе го направам тоа. Правдата за Флојд ќе стигне, но не можеме да дозволиме на насилните демонстранти да ги загрозат нашите мирољубиви граѓани. Јас сум сојузник на сите мирни демонстранти, но тоа е нарушено со професионалните анархисти, антифи и други“

Трамп рекол и дека храбрите медицински сестри кои се борат против коронавирусот се плашат да излезат од дома.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста