ДИК се прогласи за ненадлежна, одлуката на Чулев за СВР Скопје е законска


Deprecated: Implicit conversion from float 1714263892.461246 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Ристо Ставевски ќе биде началник на скопската полиција. За ваквата одлука не е потребен втор потпис, односно параф на дополнителната заменичка Петровска, до оној на Чулев, објаснуваат од Државната изборна комисија. Образложение кое уследи откако членовите што ја сочинуваат едногласно се „прогласија“ за ненадлежни да даваат мислење за кадровски решенија, што не се дирекно поврзани со изборите.

По констатираната ненадлежност на ДИК, министерот Чулев во телефонски разговор за Алфа, појаснува, оти морал да побара мислење од комисијата со цел да стави крај на различните толкувања. Според него, спротивставувањето на дополнителната заменичка е политички мотивирано.

-Одлуката за Ристо Ставревски е валидна, во неа нема ништо спорно. Назначувам началник со сите безбедносни сертификати и чисто работно досие. Против него не се водат дисциплински постапки. Побарав мислење од Државната изборна комисија бидејќи не постои друг начин да се стави крај на политички мотивираните ставови, за кои нема правна основа, вели Чулев.

А дополнителната заменичка Петровска засега останува без коментар на одлуката и појаснувањето на Државната комисија. Но, се уште останува на ставот дека Ставревски не треба да биде назначен на раководна позиција во министерството за внатрешни работи.
Според Законот за Влада, техничкиот министер за внатрешни работи има право да направи смени на 15 раководни позиции. Досега се направени 12.

Сања Трајковска Ставров 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174