Повторно ослободителна пресуда за лекарите обвинети за лекарска грешка во третманот на Боро Стаиќ

По трет пат охридскот Основен суд со ослободителна пресуда за двајцата лекари кои во случајот со тешко повреденото момче Боро Стаиќ,обвинението ги товари за тешки дела против здравјето на луѓето.За судскиот совет немало доволно докази дека лекарите го сториле кривичното дело.

  • Изведените докази потврдија само дел од обвинението каде што се тврди дека обвинетите отстапиле значително од правилата на медицинската струка и наука при пружање на медицинската помош на повредениот Боро.Но доказите не го потврдија делот од обнинението каде што стои дека поради ваквите пропусти, нестручност на двајцата обвинети е нанесена тешка телесна повреда, изјави судијата Бојан Мартиноски

Во завршните зборови,Јавниот обвинител побара обвинетите да се осудат,бидејќи како што рече,ескпертизата на вештите лица покажала дека пропустите на двајцата лекари со неукажување на правилна помош довеле до влошување на состојбата на сега 25 годишниот Боро.

  • Обвинението беше докажано,судот 3 пат ја носи ослободителната пресуда, практично со истите докази.Повторно беше истата аргументација дека во дел прифаќа она што вештите лица го кажаа, во дел не прифаќа, иако јасно беше укажано дека лекарската грешка која што ја направиле докторите е во причинска врска со штетните последици кои останале, изјави јавниот обвинител Стојанчо Арнаудоски

Обвинетите лекаризначително отстапиле од медицинската наука и пракса поради што дошло до дополнителни оштетувања на рбетниот мозок.Доколку повредениот Боро бил имобилизиран и доколку постоеле објективни услови за операција уште во првиот час по скокот во вода,парализираноста не би била стопостотна-наведе во завршниот збор адвокатот на Боро Стаиќ,Марина Блажеска. Таа тврди дека во истражната постапка исчезнале битни докази ,дури 10 така нарече книги рапорт и дневници на доктори, болничари и медицински сестри и оти од еден од нив е скинат и лист.Блежеска обвнинува и дека со коректор била поправана првично поставената дијагноза.

И додека одбраната на одбвинетите доктори обвини за селективни изведени докази и вештачење кое се темели врз претпоставки,јавниот обвинител најави дека ќе ја обжалат оваа судска пресуда и оти очекуваат и 4 судење.

Росица Голабовска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста