Жителите на Трнодол го повикуваат Богоев на дебата, ги изневерил нивните очекувања и безбедноста им е загрозена

Жителите на Трнодол единствени.По вчерашниот инцидент во Козле бараат нова јавна дебата за деталниот урбанистички план без инфилтрирани лица ии во соодветни услови. Го повикуваат и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев. Граѓаните потенцираат дека најавените измени одат на штета на нивната безбедност. Велат дека единствен интерес е заштита на нивните имоти и дека приоритет им е безбедноста. Негираат било каква политичка поврзаност.

Радосава Зечевиќ вели дека Богоев на последните избори ја добил поддршката од најголемиот број жители на оваа населба. Но ги изневерил нивните очекувања.

Жителите посочуваат дека уште во август ги дале своите забелешки за ДУП от. Дел биле прифатени, но не и најзначајните. Бил изготвен записник кој според граѓаните не може да биде нешто врз кое ќе се прави ДУП от. Во Ноември како што посочуваат му доставиле нови забелешки кои тој не ги презентирал. До Уставниот суд поднеле иницијатива за оценување на уставноста.

За инцидентот кој вчера беше причина дебатата да не се одржи се огласи најзасегнатиот. Кире Атанасов се огласи на Фејсбук. Во неговата објава вели дека бил нападнат од Саше Спасевски кој не е директно засегнат од ДУП от. Атанасов инцидентот го пријавил во полициската станица Карпош, а полицијата поднела пријава против едно лице за случувањата во Козле. Наспроти ова Спасевски му одговори дека не го повредил. А неговото семејство живеело во населбата.

Од општина Карпош велат дека се пласираат лажни вести за работи за кои е постигната согласност. Велат дека вчерашните насилства биле од политички побуди. Градоначалникот Богоев информира дека ќе поднесат кривична птријава против непознат сторител потради напад на нивен службеник. Богоев вели дека е намалена катноста на објектите,а маркиците за градење биле уште пред тој да биде градоначалник.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста