Хаос во Општина Карпош: Тепачка на презентација на дeтален урбанистички план за Трнодол

Инцидент ја спречи јавната презентација на деталниот урбанистички план за Трнодол.Малата сала во месната заедница во Козле беше претесна да ги прими загрижените граѓани. Тие се противат на изградба на нова населба над нивните живеалишта. Според нив маркичките за градба сџе над каналот во кој се слееваат водите од планината и зградите би го спречиле протокот на вода. Според жителите овие згради претставуваат закана и за безбедноста поради опасност од лизгање на земјиштето. Тие се и против обикоолница за која посочуваат дека е дел од ДУП и покрај твбрдењата дека нема да се најде таму. Мештаните Велат дека нивните барања не се прифатени. Бараат да се прогласи мораториум за градедње..

Жителите на Трнодол негираат физички напад врз претставникот на општина Карпош. Напротив обвинуваат дека нивниот сосед бил нападнат од непознати инфилтрирани лица, по што завршил во болница.

Спротовно на ваквите тврдења градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев тврди дека бил физички нападнат правникот од општината. Богоев посочува дека нема да има нова населба над Трнодол. Згради ќе имало кај бензинската пумпа, а една од маркиците била издадена пред тој да биде градоначалник. Вели дека ДУПот е на барање на ѓителите на Козле не е конечен и забелешките можат да се достават до 27 Декемнври.  ДУПот за Трнодол бил стар од 2001 година.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста