80 работници од текстилната фабрика „Мода“ се позитивни на корона вирус

Осумдесетина од вкупно 630 тестирани текстилни работници во фабриката Мода во Свети Николе се позитивни на корона вирус, покажаа двата скрининга направени изминатиот период. Поголем дел од заболените дури 65 се откриени со вториот скрининг вели првиот човек на Мода, Ангел Димитров. Текстилниот комбинат кој всушност е поделен на две конфекции од понеделникот повторно почна со работа. Кадарот е редуциран и во двете конфекции работи по една смена.

И додека во Свети Николе вирусот кај текстилните работници се става под контрола, во штип продолжува да се шири. Бројката на новозаболени драматично порасна изминатите денови, а Штип пикот го достигна со 60 заразаени за само едно деноноќие. И денес во здравствениот билтен градот ќе влезе со двоцифрен број. Активни случаи има над 340, а 650 лица се во самоизолација. Од Центарот за јавно здравје информираат дека според последните анализи 70-80% од заболените се текстилни работници и нивни конттакти. Од почетокот на панденијата корона вирусот затвори 11конфекции во штип. Осум од нив се посериозно зафатени. Дел се делумно затворени, а дел работат само со една смена, односно со работниците кои имаат негативни резултати. Проблемот е во тоа што вирусот повторно се враќа во погоните каде што претходно имаше заболени. Имуни на вирусот не останаа ниту службениците во државните и општинските институции. Поради големиот број на заболени превентивно беа затворени подрачните единици на фондовите за пензиско и здравствено осигурување. Денес добра вест е што бројот на хоспитализирани на штипска инфектологија е намален. Таму се лекуваат 45 заболени од целиот источен регион.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста