500 милиони мртви животни во пожарите во Австралија

Страшни снимки споделува македонската дијаспора од Австралија од настрадани животни во пожарите што беснеат таму.

Професор Крис Дикман, експерт во областа на биоразновидност од Сиднеј, за австралијските медиуми изјави дека станува збор за 480 милиони мртви животни.

Бројките се базираат на извештајот што го напишал во соработка со други експерти од 2007 година.

Тогаш, на подрачјето на нов Јужен Велс имало 17,5 цицачи, 20,7 птици и 129,5 влекачи на еден хектар.

Експертите ги помножиле бројките со големината на областите што биле зафатени од пожарите.

Процениле дека на 3 милиони хектари нов Јужен Велс, колку што изгореле пред десет дена, дури 480 милиони цицачи, птици и влекачи биле зафатени со пожарите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста