Kовид центарот во Oхрид без ниту еден респиратор?! – од болницата демантираат

Охрид се прости од 35 годишната охриѓанка Ивана,која за жал не успеа да ја извојува битката со коронавирусот –кога требаше да живее со полни гради, таа замина.Ивана почина на 17-ти овој месец на пат кон скопскиот клинички центар,но тој ден на списокот кој министерството за здравство секојдневно го објавува младата охриѓанката ја немаше на листата на починатите. И тоа не единствен случај,не се евиденитрани и други пациенти кои починале во овие два дена.

“Посмрните останки на 35 годишната охриѓанка која почина пред 2 дена, ги погребавме денес, бидејќи вчера како последица од коронавирусот починаа уште 3 лица кои исто така беа погребани денес.Поради строгите протоколи кои мора да се почитуваат во еден ден не можат да се погребаат сите починати не само на христијанките, туку и на муслиманските гробишта. Битката со короната денес ја загуби уште еден наш сограѓанин.” – велат од Погребалното претпријатие “Мирен сон”.

Охриѓани во шок и со неверување ја примија веста за девојката,преплавувавајќи ги социјалните мрежи,расудуваат и бараат одговори.

Општата болница во Охрид има респиратори вели директорот кој зборуваше за случајот со младата девојка.

“Имаме 3-4 респиратори, вентилатори,меѓутоа девојчето не беше за таков тип на инвазивна терапија.Беше на континуирана кислородна поддршка но соп оглед дека имашеи други болести,ние покушаваме и да го припремиме за транспорт но заврши со смртен исход.Имаме уште еден пациент што беше релативно помлад.” – вели директорот на Охридската болница д-р Балев.

Во моментов во охридската болница се хоспитализирани 104 пациенти од нив 40 се на кислородна поддршка ,а 10  се со тешка клиничка слика. Она што загрижува вели Балев е фактот што заразата се шири се повеќе меѓу младите лица,дополнувајќи дека последните кои починаа овие неколу денови се на возраст од 35 до 49 години.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста