Стразбур донесе решение наместо пресуда: Преуранета е жалбата на аболицираните

Судот за човекови права во Стразбур реши дека преурането е поднесена жалбата до нив за четирите случаи на Специјалното обвинителство за кои поранешниот претседател Иванов донесе одлука за аболиција.  Одбраната не ги исцрпила сите домашни правни лекови, пред да се жалат во Стразбур. Европскиот суд дава и детално образложение дека случаите на СЈО засега нема да пропаднат, но прерано е тие да одлучуваат за нив.

  • „Тие добија претседателски помилувања, кои подоцна беа поништени. По поништувањата, им се судеше, што е предмет на овој предмет. Судот одлучи дека апликантите не ги исцрпиле домашните правни лекови. Тој одлучи дека жалбите според член 6 (право на правично судење) се предвремени, бидејќи домашните власти ќе решаваат во кривична постапка што е во тек за нив“ велат од ЕСЧП.  

Сега топката е кај македонските судски власти. Адвокатот Влатко Илиевски вели дека сега ќе ги сочекаат одлуките на Кривичниот суд, Апелација, на крајот и Врховен, со што ќе се исцрпат сите правни лекови, па доколку има потреба повторно ќе се жалат пред Стразбур

  • „Сметам дека треба сериозно судските инстанци да ја сфатат оваа порака на судот во Стразбур и да не ги игнорираат аргументите кои ги изнесувавме досега за аболициите“ вели Илиевски-адвокат.

Премиерот Димитар Ковачевски, веќе прогласи „огромна победа на државата“. Владата победила во процесот според Ковачевски, иако Стразбур не ги отфрли односно не ги одби.

  • „Македонскиот тим даде сè од себе и издвојува победа во исклучително комплексен случај. Со одлуката на судот во Стразбур, која во случајот е во корист на државата, жалбите на апликантите се прогласени за недозволени вклучително и во делот на наводните помилувања. Аргументите на Владата се уважени од Стразбур. Спротивно на тврдењата на апликантите, судот не утврди прекршување на европската конвенција за човекови права. Ова е победа и на државата, и на правдата и на правосудниот систем “, изјави Ковачевски.

Власта да намали со триумфализмот бидејќи за тоа нема простор, порачува одбраната..

  • „Сметам дека нема простор за голем триумфализам кај Владата дека е одлучено во нивна полза. Донекаде и ги разбирам овие восклици на победа, бидејќи секојдневно се соочуваат со порази и неуспеси на сите полиња, Можеби видоа во ова една сламка да се прикажат во едно поинакво светло, нека продолжат да се самозалажуваат, но да ја замајуваат јавноста бидејќи ова не е победа за власта “објаснува Илиевски.

Овие аргументи од Стразбур домашните судови ќе мора да ги земат предвид вели Илиевски, во која се наведува дека еднаш дадена аболиција од претседател на држава не може да се поништи и таа е важечка. Одлуката во Стразбур ја донесоа седум судии од Норвешка, Финска, Велика Британија, Турција, Малта, Белгија и Молдавија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста