Судот во Стразбур утре ќе ја соопшти одлуката за тоа дали важат аболициите на екс-претседателот Иванов 

Доколку Европскиот суд за човекови права за уважи аболицијата на екс-претседателот Иванов, Македонија ќе мора да ја почитува и спроведе, затоа што земјата ги прифатила меѓународните правни регулативи и ги цени високо. Професорот Гордан Калајџиев вели таквата одлука ќе донесе сериозни правни компликации, а доколку не – ништо не би се сменило.

  • Ако мене ме прашате, шансите за повреда се отприлика 70-30, со оглед на тоа дека веќе постои воспоставена практика, со познатиот случај Лекса против Словачка, дека Европскиот суд, има утврдено дека ваквите одлуки кои доаѓаат од претседателот не се одлуки за кои има некоја повисока инстанца, и дека тие со самото тоа се финални и правно обврзувачки“ вели Калајџиев – Универзитетски професор по кривично право.

Сепак, ако Стразбур реши да остане аболицијата, државата има право да се жали и за тоа ќе одлучува Советот на министри, вели Калајџиев. Но, ако не ја почитува одлуката, ова тело може да ја исклучи Македонија. Одлуката на европскиот суд не значи автоматско укинување на предметите и пресудите, туку државата ќе мора да спроведе еден од двата правни механизми за да ја спроведе.

  • Тој индиректно ја задолжува државата внатре, да најде правен начин, како ќе ја отстани повредата. И во вакви кривични постапки, ние имаме предвидени две правни лекови, едниот е самата државата, Обвинителството да поведе постапка пред Врховниот суд, со барање за заштита на законитоста. А другата е на одбраната, да бараат повторување на постапката“ вели Калајџиев- Универзитетски професор по кривично право.

Адвокатот Влатко Илиевски, кој е инаку и сопруг на екс-министерката Јанкуловска, тврди дека правниот механизам за повторување на постапката е возможен само во еден случај бидејќи другите предмети не се целосно завршени.

  • Во конректниот случај, малку е специфично бидејќи, според законот за кривична постапка, доколку постои конечна пресуда од ЕСЧП која што утврдува повреда на правото на правично судење, апликантот може да поднесе барање за повторување на постапката. Тука такво барање може да се поднесе за предметот на Владе Талевски, кој што е завршен со конечна пресуда на Врховниот суд, меѓутоа другите постапки се сеуште актуелни“...вели Илиевски – адвокат.

Не почитувањето на одлуките од Европскиот суд за човекови права е повеќе од актуелно од страна на Бугарија. Досега вели Илиевски Македонија нема пракса да не ги почитува конечните одлуките на Европскиот суд, но не е сигурен како ќе се постапи во конкретниот случај. Жалбата до Стразбур беше поднесена во 2017 година откако Кривичниот суд ги прифати обвиненијата и покрај дадената аболиција од тогашниот претседател.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста