Спасовски и Демерџиев гарантираат мирно одбележување на роденденот на Гоце Делчев на 4-ти февруари во Скопје


Deprecated: Implicit conversion from float 1714260458.881636 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Македонската полиција ќе обезбедува –  прославата за роденденот на македонскиот великан Гоце Делчев, да  помине без инциденти и провокации. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски уверува дека МВР ќе ги преземе сите протоколи за 4-ти февруари да помине како што доликува. И неговиот бугарски колега Иван Демерџиев тврди дека и бугарското министерство за внатрешни работи, ќе ги преземе истите мерки – за Бугарите кои ќе дојдат во Скопје да не провоцираат за време на прославата .

  • Ова е во услови на зголемени тензии и различни најави за нарушување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен инцидент, македонскатата полиција ги презема сите активности и апсолутно не смее да се дозволи инцидент. Односно ќе се обезбеди чествување какво што доликува на нашиот великан Гоце Делчев“, рече Спасовски.

Двајцата министри се согласиле дека нема да дозволат да се пали оган таму каде што го нема. Демерџиев се пожалил кај Спасовски дека Христијан Пендиков добивал закани и откако беше пренесен во Бугарија на лекување. Официјална Софија бара да се превенира за да не се дозволат такви случаи во иднина.

  • „Бугарски министер за внатрешни работи Целта е да се има превенција и такви случаи да не се дозволат во иднина. Затоа што такви инциденти ги нарушуваат нашите односи кои се на високо ниво. Му предадов на колегата Спасовски документи од случајот за добиените закани по животот на Пендиков додека лежи во болница и виновниците ќе одговараат пред законот“ – истакна Демерџиев.

Заедно со Демерџиев денеска во Скопје  беше и првиот бугарски разузнавач, Пламен Тончев. И во фокусот на разговорите што тој ги водел,биле  безбедносните протоколи под кои ќе се чествува раѓањето на Делчев.

Се очекува МВР да прави скрининг на границата, но дали ќе му биде дозволен влез на бугарскиот европратеник Џамбаски остана неодговорено, бидејќи новинарите немаа можност да ги прашаат двајцата министри по средбата.

Организирани групи од Софија ќе дојдат да го слават роденденот на Делчев во Скопје, а македонски граѓани се организираат за блокади на граничните премини Деве Баир и Делчево како и на патарината кај Куманово.

И патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ најави херојска стража пред гробот на Делчев и низа активности по повод чествување.

За сега е познато, дека раѓањето на човекот кој „светот го разбираше како поле за културен натпревар меѓу народите“ ќе се слави во Црквата Свети Спас, на едно место, но на две различни страни – на една Македонците на друга Бугарите, разделени од силното полициско обезбедување..

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174