Со „Бехтел и Енка“ досега сме само во зијан – автопат ни километар, а Буџетот се празни

Една дупка и две табли кои ја чинеа државата 177 милиони евра , за Владата е старт на изградба на коридорите.  Милиони по милиони се нижат на сметката на Бехтел и Енка, роковите течат, а градежни активности нема . Од Министерството за транспорт и врски тврдат дека од 22 мај стартувала реализацијата на договорот, кога на терен имаше само две свечено откриени табли .  

Би сакале да ве информираме дека од 22 мај 2023 година веќе езапочната реализацијата на Договорот за изградба на делниците на Коридорите 8 и 10-Д, што значи дека започнати се роковите за изградба на автопатските делници предвидени со Договорот, велат од Министерството за транспорт и врски

Последно кон Бехтел и Енка беа исплатени 7,2 милиони евра, сума која не е наведена во програмата  . Во истата се предвидени аванси исплати од 117 милиони евра и од 50 милиони кои до сега се исплатени и уште два аванси во висина од 25 милиони и 49 милиони евра кои допрва ќе ги платиме или до крајот на годината вкупно околу 250 милиони евра треба да легнат на сметката на изведувачот .  Иако јасно се гледаат наведените четири аванси  од транспорт и врски тврдат дека сите исплатени пари биле брз основа на точно утврдени намени предвидени во програмата

До сега исплатени се три транши со вкупна вредност од 10,9 милијарди денари.  Истите средства се префрлени на ЈП за државни патишта врз основа на Програмата за финансирање на патна инфраструктура за Коридорите 8 и 10-Д, Сите средства кон ЈП за државни патишта се исплаќаат врз основа на оваа Програма и се однесуваат на точно утврдени намени предвидени во Програмата, велат од Министерството за транспорт и врски

За предвидените 108 километри 1,3 милијарди евра народни пари  треба да се одлеат за Бехтел и Енка , сума која може да биде надмината со оглед на тоа дека нема финален проект , а не е завршена ни експропријацијата . Дополнително, судбината на коридорите ја „чешла“ Уставен, кој отвори предмет за законот за прекувремената работа кој беше донесен токму поради коридорите. Опозицијата претходно алармираше оти ако не се донесе овој закон Македонија ќе плаќа милионски суми на пенали, што сега го  отвора прашањето колку  пари плус ќе не чини ако Законот падне на Уставен.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста