Протест пред Владата: Вработените во Колска бараат исплата на 9 заостанати плати

Вработените од Колска – Велес дојдоа пред Владата, НО никој не сакаше да ги прими. Велат дека една од последните државните фабрики е пред затварање. Сметката им е блокирана веќе со месеци, па не можат  воопшто да функционираат, да платат сметки за струја, да најдат средства за репроматеријали и други потреби за фабриката. Немаат земено ниту плата веќе девет месеци.

Сметката на „Колска“ е блокирана од страна на УЈП поради неплатени даноци од над 650 илјади евра. Бараат Владата итно да преземе мерки за спас на единствената фирма која репарира шински возила во Македонија. Вработените во фабриката сметаат дека трајно решение за нив е доколку влезат во рамки на Македонски железници и транспорт

Вработените и вчера претпладне два часа го блокираа патниот железнички сообраќај на железничката станица во Велес. Велат дека не се откажуваат од нивните барања и покрај тоа што надлежните ги игнорираат.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста