Пецаков: Барам извинување од Општина Струга, обвинувањата кон мене немаат допир со реалноста

Пецаков: Барам извинување од Општина Струга, обвинувањата кон мене немаат допир со реалноста

 Пецаков и  Мерко во клинч околу статусот на Охрид под капата на Унеско,откако струшкиот градоначалник, јавно го обвини охридскиот колега дека е виновен за неисполнување на препораките. Ова е директен атак врз мене вели Пецаков, и бара извинување од општина Струга. Да се осудат да коментираат за неодговорно работење оние чие раководство е впишано на меѓународните црни листи за разно-разни злоупотреби е трагикомично.

 “Добиваме обвинување од општина односно раководство на општина која што е на црната листа токму заради такви да кажам непринципиелни работи и предмети поврзувани со обвинителства, па се ставени  на црната листа на САД.И кога некој кој што е на таа листа од тие причини од денешен аспект ја обвинува општина Охрид која воопшто нема таква дамка во работењето, без разлика кое раковдство ја раководело, мислам дека е далеку од принципиелно и ниту е колегијално, а ниту има врска со реалноста” –вели Пецаков.

Обвинувањата на општина Струга доаѓа по одржувањето на работниот состанок со мешовитиот експертски тим предводен од истакнат експерт од УНЕСКО,за кој медиумите воопшто не беа информирани.

 Најголемиот дел од проблемите и потешкотиите кои настанаа и сеуште постојат во Охридскиот регион произлегува од Општината Охрид и нејзините раководители, кои постојано, под патерицата на од нив платени медиуми, организации и лобисти, ја напаѓаат нашата општина за секаков аспект во секое време и место, без никакви аргументи” велат од општина Струга.

Осуда за непримерната комуникација кон новинари од страна на струшката општина,стигна и од ЗНМ.Ова е  недоличен начин преку сериозни обвинувања да се обиде да ги дискредитира медиумите во Охрид.

„Постапките на општината, како јавна институција, се чини дека е обид за дискриминација на медиумите и замолчување на локалните новинари преку цензура. Дополнителен проблем е фактот што во соопштението се инсинуира дека медиумите се платени од страна на охридската општина. Овој инцидент ќе биде нотиран во годишните извештаи за слобода на изразување како негативен пример за погрешна комуникација на јавни институции со новинари и медиуми“ велат од ЗНМ.

Постапките на општината, како јавна институција, е обид за дискриминација на медиумите и замолчување на локалните новинари преку цензура. Дополнителен проблем е фактот што во соопштението се инсинуира дека медиумите се платени од страна на охридската општина.Вакви дрски,нецивилизирани обвининувања од страна на струшкиот градоначалник кој со години се крие од новинарите, станаа пракса.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )