Пензионерите не отстапуваат : Тука не сме заради политика, туку заради егзистенција

Немаме лубеница пробано, а камо ли сирење и кашкавал , не сакаме 6 отсто сакаме 78 отсо колку што си покачија функционерите  –  Пензионерите не попуштаат , и веќе речиси една недела излегуваат на секојдневни протести . Денеска порачаа дека нивниот протест е егзистенцијален, а не политички обоен. 

Тие бараат минималната пензија да биде најмалку 25.000 денари  , а второто барање е покачувањата да бидат линеарни за сите 3500 денари,  а не процентуално со што се создава огромна разлика помеѓу висината на пензиите .  

Пензионерите одвај го издржуваат месецот , велат со 12 илјади не се живее . Парите не им стигнуваат за лекови и за сметки  . Во услови кога поскпеа трошоците на нафтата и струјата , а цените на храната стигнаа до плафон , државата како да ги заборави .   Изјавите на министерката за труд и социјална политика дека со  актуелната  методологијата за процентуално зголемување , обезбедила историски најголем раст на пензиите ги сметаат за неиздржани. 

Но, по речиси една недела протести , Владата изгледа нема намера да ги послуша . 

Во изминатите денови имаше протест на пензионерите и во другите градови, во источна Македонија, во Тиквешијата, а вчера најмасовни беа во Прилеп. Барањата и ги раскараа пензионерите, сојузот на здруженија на пензионери во Македонија преку соопштешние соопшти дека е против линеарно зголемување , тие поддржуваат покачување на минималната пензија , а  пензионерскиот синдикат при КСС го поддржа барањето на пензионерите за линеарно усогласување  на пензиите и предлагаат минималната пензија да биде на 60 отсо од просечната исплатена нето плата. 

Според податоците од ПИОМ, 333,882 лица се корисници на пензија од државата . Најголемиот дел земаат старосна пензија , која просечно изнесува 20.562 денари и семејна пензија која просечно изнесува 15.072 денари 

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста