НСП: Нов директор на „Идризово“ не ги решава проблемите, а министерот Тупанчевски не стави на чекање

Разрешувањето на директорот на затворот Идризово нема да им ги реши проблемите на затворската полицајци. ТИЕ,  се уште ја чека поканата од министерот за правда Тупанчевски – да седнат на заедничка маса. „Ароганцијата на директорите и нивниот однос кон службениците – ги поминува сите граници, а надлежните институции, немаат желба да најдеме заедничко решение“, велат од Независниот синдикат.  

Се уште има ароганција од директорите во моментов на затворите во Македонија, од 12 затвори во 11 Независниот синдикат е рпрезетативен и ја покрива таа бројка. Ние имаме комуникација за колективниот договор и платите, меѓутоа во однос на проблемите што ги имаме во текот на минативе недели, немаме покана од министерот Тупанчевски.  Разрешувањето на директорот на затворот Идризово е практично една реалната слика во која се најде самиот затвор рече Гоце Делчев Тодев.

Укажувањата на затворските полицајци се најдоа и во извештајот на Омбудсманот, на кој му се пожалиле дека се соочуваат со закани и притисоци, па дури обиди за влијание во нивната работа.. Бидејќи ваквите притисоци остануваат непријавени, народниот правобранител Зибери го повика МВР да преземе активности за да ги охрабри затворските службеници.

Владата синоќа го разреши досегашниот директор на затворот Идризово, Реџеп Реџепи, и на негово место беше именуван Шпенд Тахири, исто така кадар на Алтернатива. Во најголемиот затвор во државава на 16 јуни беше запален автомобилот на командирот, а пред тоа во Идризово беше спроведена полициска акција и во 25 ќелии беа запленети 50-тина мобилни телефони, 37 ножеви, дрога, оружје како и поголема сума на парични средства.  Дали ова е причината за разрешувањето на првиот човек на најголемиот затвор во државава, за сега нема потврда.  Министерот за правда, Никола Тупанчески и директорот на управата за извршување на санкции Марјан Спасовски по акцијата укажаа дека ќе одговара секој за кој што ќе се утврди дека е поврзан со прекршување на законот.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста