На повидок е ново поскапување на производите оти власта најави дека нема веќе субвенционирана струја за компаниите

Повторување на ланското сценарио – празни рафтови и нови поскапувања – е се поизвесно.

Од Организацијата на потрошувачи на Македонија предупредуваат дека најавите за укинување на субвенционираната струја за компаниите кои не ги спуштија цените може да доведат до дополнителни поскапувања.

Бараат оние кои добија поевтина струја а продолжија со поскапи цени, да ги вратат парите во државниот буџет.

Јас лично се изненадив кога рекоа дека ќе престанат да им даваат субвенции на компаниите. Не треба да престанат, треба да побараат да им ги вратат парите за субвенционираната струја и ние тоа го бараме. Да побараат, тие пари што ги дале, да им се вратат назад, како што даваа субвенции за фирмите па не завршија кај работниците. Со тие средства може да субвенционираат да имаме „зелена енергија“, нека субвенционираат за луѓето да имаат помали сметки за струја. Ако сте се прашале колку субвенции даваат за тоа, ништо – „прв дојден, прв услужен“, значи нема енергетска ефикасност тука, а треба да се гледа и квалитетот на производот, вели Маријана Лончар Велкова – Претседател на Организација на потрошувачи

Компаниите пак со свои аргументи,. Се жалат дека немаат доволно кадар и се соочуваат со огромни трошоци и затоа не можат да ги намалат цените. Онаму  пак каде што се случи намалување беше незначително за денар – два, а на тие производи дури им е намалена грамажата за што најмноу реагираат граѓаните до ОПМ.

Трговците и производителите не треба да се грижат само за профитот и постојано да наоѓаат оправдувањата за растот на цените. Замрзнување на маржите не е решение, подобро беше плафонирањето на цените, иако и тогаш имаше нефер трговска пракса, па преку ноќ исчезнаа одредени производи – додава Лончар Велкова.

Според последните податоци од ЕСМ, вкупно 240 фирми користат субвенционирана струја, а очигледо не се многу загрижени ако останат без субвенцијата, зошто цената на берзите паѓа.

До крајот на месецов министерот за економија Крешник Бектеши ја чека листата од ДПИ која треба да покаже кои компании не ги намалиле цените на производите.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста