Mицкоски за скандалите поврзани со ДУИ : На објавување на криминал, не може да се гледа етнички

Фирмата на братот на Артан Груби која за половина милион евра купи луксузен деловен објект, четири години пријавувала дека работи со загуби. ВМРО-ДПМНЕ со нови детали околу големата афера поврзана со братот на моќниот вицепремиер од ДУИ. Бараат да се изврши проверка на потеклото на парите. За лидерот на опозицијата објавувањето на ваквите скандали е исклучиво од криминална природа, а политичарите треба да бидат свесни дека основано сомнение за криминал, не може да биде процес кој што ќе се гледа етнички.

  „Тие што се занимаваат со тој политички криминал се и антиалбанци и антимакедонци и антиграѓани во Македонија и тоа е лошо, бидејќи гледате на сите мерења криминалот во Македонија, поготово оној политичкиот е на највисоко ниво. Јас сум многу сериозен кога зборувам дека набргу од денеска многу сериозно ќе се впуштиме во борба со криминалот и корупцијата, посебно со политичарите„ порача Христијан Мицкоски, денеска од Свети Николе.

Големиот број на ефери и скандали се причина да Македонија се најде на 66то место на ранг листата во последниот меѓународен  извештај за мерење на индексот на владеење на правото во државата, вели првиот опозиционер посочувајќи дека ова предизвикува чувство на разочарување кај граѓаните.

„Јасно се гледа дека корупцијата и криминалот во Македонија како и невладеењето на правото, практично се клучните проблеми зошто имаме и економска стагнација и зошто луѓето се отселуваат и губат надеж дека не може да биде подобро, бидејќи очигледно е дека имаме определена политика елита која арбитрира околу владата на ДУИ поддржана од СДСМ и таа е практично заштитена како бела мечка што и да направи, било каков криминал таа останува заштитена. Тоа предизвикува чувство на разочарување кај луѓето„ изјави Христијан Мицкоски, денеска  во Свети Николе.

При денешната посета на Свети Николе, Мицкоски рече дека кај нас во државата не само што не владее правото, туку има заштитени политички елити на владата на ДУИ, поддржани од СДСМ. 

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста