Народот гладува, а Владата си купува кафиња во износ од 50 000 евра

Службата на Владата си набави кафиња во износ на еднособен стар стан во Скопје. Дури 50 000 евра пари од граѓаните се дадени по фирми за да можат институциите кои се под капата на Владата да пијат капучина, напивки со арома на женшен, кафе арабика.

На веб страницата за јавни набававки е објавен договорот кој го склучила Службата за општи и заеднички работи на Владата со одредена фирма каде во набавката за кафиња се објавени и видовите на кафе и напитоци.

Еспресо кафе без коефеин

Eспресо кафе арабика 100 % Костарика Брисамар Гватемала Алтеа

Еспресо напивка од печен јачмен

Инстант прав за приготвување напивка од растворливо кафе мешавина со женшен арома

Ова е најголемиот договор за набавка на кафиња, напитоци и изнајмување на кафемати на Службата за општи и заеднички работи на Владата, од 2022 година па до сега. Највисокиот договор односно сегашниот е без малку 50 000 евра, а најнискиот бил склучен крајот на август и истиот бил во износ од 89 евра. Според оние податоци кои се достапни на сајтот за јавни набавки од 1 јануари минатата година па до денеска СОЗР потрошиле речиси 90 000 евра за кафиња.

Претоходно Владата “фрли” огромни суми на пари за кристални чаши, порцелански прибор, висококвалитетна бела техника, софистицирани витрини, за опремување на владината кујна која чинеше вртоглави 37 000 евра.

Луксузирањето на владата, беше забележано многу пати и за време на претходниот премиер – Зоран Заев. Министерството за одбрана склучуваше тендери за набавка на модри сливи и маслинки, од 900 000 денари, а неколку дена пред оваа скандалозна набавка, тогашната министерка Шекеринска набавила и тестенини, печурки и путер за 800.000 денари.

А и директорите на ФЗО не останаа покуси, во времето на Заев си купија коли за 80.000 евра, бидејќи не сакаа да се возат во возилата купени од 2014 година.

Но трошењата на народните пари изминативе години беа забележани и во набавка на бадеми, фстаци, сметки по кафани.

Meри Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста