„Макфест“ ќе се одржи и без поддршка од Министерството за култура, општината ги сноси сите трошоци 

Во петок и сабота,започнува најстариот фестивал за забавни мелодии Макфест, но овој пат целосно финансиран од Општина Штип. Локалната самоуправа реши во свој раце да ги преземе работите, откако од Министерството за култура добија неполни 400.000 денари. Градоначалникот ги врати парите. За да се одржи 37-то издание од општинскиот буџет се обезбедени 5 милиони денари и уште еден милион од бизнис секторот.  

  •  “Самото тоа што е единствен по својот карактер и на него имат настапувано безброј познати балкански музички имиња, ни дава обврска да најдеме, да обезбедиме средства, да скратиме на непродуктивните трошоци коишто ги имаме во буџетот на општината и државата. Повторно ќе кажам, на се може да кратиме, но не смееме на образование, култура и инфраструктурни проекти“-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Од Националната програма на проекти кои се финансираат со државни пари, фестивалот Макфест доби симболични 400.000 денари. Од Министерството за култура тогаш се правдаа, дека ваквата одлука е донесена бидејќи фестивалот е рангиран во трета категорија. Сепак  за организаторите,  е важно кој ги поставува критериумите за рангирањето .

  • “Се она што промовира македонска уметност и музика не може да биде рангирано во трета категорија. А што е тогаш прва, што е втора категорија? Поготово Макфест, што преставува македонски Сан Ремо“-изјави Роберт Саздов-уметнички директор на Макфест.

Фестивалот што важи за еденствен промотор на македонската музика надвор од државата, години наназад е на стаклени нозе. Во 2009 година кога се откажа генералниот спонзор, фестивалот го презеде општината, а Министерството за култура го поддржуваше со два милиони денари.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста