Кафе и ручек наместо ноќевање и појадок: Дојран нема стратегија како да ги задржи туристите

Кафе и ручек, наместо одмор. Ова е сликата која може да се  види во Дојран. Иако ги има целиот капацитет да го развива туризмот, Дојранското езеро не често е локацијата за која би се одлучиле македонските, а уште помалку странските туристи.

Дојран е полн со туристи, најголемиот дел од нив странци, кои го користат само како попатна станица пред да ја преминат границата кон јужниот сосед.

И локалните жители и туристите признаваат дека најголемиот дел од странските туристи, особено Срби, остануваат само на едно ноќевање а веќе следниот ден ја преминуваат границата со Грција и одморот го поминуваат на море.

Цените според туристите се пристапни. Просечно македонско семејство би можело да си дозволи да помине 5 дена на Дојранското езеро.

Но која е причината зошто туристите од странство не сакаат да се задржат во Дојран и покрај поволните цени и евтиното сместување?

-Дел од локалните жители и туристите сметаат дека општината не вложува доволно средства за да го развива туризмот.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста