„За или против“ со универзитетските професори Иван Анастасовски и Самоил Малчевски

„Не убедуваат дека станува збор за стратешки Договор, за стратешки Коридори. Никој нас граѓаните,не не извести зошто се стратешки. Потпишаа Договор во тајност, и го кријат се уште. Самиот момент дека се крие, се појавуваат сомнежи. Ние автопати нема да видиме, ние ќе ги платиме пеналите“ – вели Самоил Малчевски. Додава дека, показател оти, нешто сериозно не е во ред е тоа што Артан Груби е координатор, иако нема познавање од градење автопати.

Професорот Иван Анастасовски рече дека му е жал што гледа во каков правец оди Македонија.

„Ние не сме држава која може да функционира нормално. Оваа тема за Коридорите, која е актуелна последниве месеци го покажува тоа. Јас тврдам дека не постои човек кој што нема да се согласи дека треба да се инвестира во патната инфраструктура. Но тоа што се прави во тајност, и тоа што не го води ресорен министер, туку вицепремиер, создава сомнежи“ – рече Иван Анастасовски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста