Градежништво стихијно умира

Никој ниту сака да учи, ниту  да работи градежништво.  Гранката двигател на екомонијата се помалку има кој да ја движи. 

Податоците од Градежен факултет Скопје велат дека градежништвото стихијно умира.  Професорот Горан Марковски, кој е член на катедрата за бетонски и дрвени конструкции  во интервју за МИА предупредува дека доколку ова продолжи ќе се соочиме со сериозен недостиг на инженерски кадар, а тоа ќе резултира со градби со низок квалитет кои ќе бидат ризични и небезбедни.  Причините за ваквиот тренд се многубројни вели професорот. Според него државата мора да најде механизам како струката да се направи поаатрактивна, .

„Мора нешто под итно да се преземе барем за ублажување на овој тренд зошто ако не се надополни празнината, треба да бидеме свесни дека понатаму поколенијата ќе живеат во понебезбедни и поповредливи објекти“, потенцира професорот Марковски во интервјуто.

Дека Македонија се соочува со сериозен недостиг на кадар не е новина. Во моментов, според официјалните бројки ни фалат околу 20.000 работници , меѓу кои најмногу во доменот на градежништвото. Една од главните причини се секако подобрите работни услови надвор од границите, а бројката ќе скокне на пролет веројатно кога куферите ќе си ги  спакуваат за сезонска работа во регионот и Европа.

Ни требаат 20.000 работници во 2023 во деифицитарни дејности, ИТ, градежништво, туризам , здравство и навистина и не би знаел каде ќе ги најдеме тие работници, истакна Миле Бошков од Бизнис Конфедерацијата во емисијата „ За или Против “ на Алфа Телевизија.

Синдикатите, причината за ова ја гледаат во лошите политики на Владата. Сега наводно се креираат некакви политики за увоз на евтина работна сила, но она што е клучно е дека најдобрите кадри ги избркавме од државата.

Многу ќе бидат мотивирани кога градежните работници ќе ја напуштат државата поради лошите политики на владата и лоши мерки на градежништвото и лоши капитални инвестиции кои не ги гледаме во изминатиот период, и ако градежништвото како двигател ви застане тогаш што да очекувате од другите дејности во другите гранки, рече Слободан Трендафилов од ССМ.

Незаинтересираноста за професијата веројатно се должи на лошите услови во кои се наоѓа секторот. Забелешките од синдикатот за градежништво се бројни, од тоа што се уште градежните работници немаат бенифициран стаж , а работат под висок ризик . На 650 вработени во 2022 не им биле исплатени додатоци на плата и К-15 и им биле прекршени бројни работнички права. Една од најголемите болки е ниската плата . Во секторот градежништво, просечна плата на општ градежен работник е 24.000 денари, а пак за инжинер достигнува 28.000 денари.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста