Бугарски политичари тврдат дека Ковачевски, Османи и Пендаровски лажеле за францускиот предлог?!

Еден од ретките бугарски политичари кој има имиџ на умереност, Христо Иванов, лидерот на „Демократска Бугарија“, која пак беше единствената партија на последните парламентарни избори во Бугарија со став против ветото кон Македонија, за Бугарската национална телевизија тврди дека премиерот Ковачевски, претседателот Пендаровски, како и министрите Османи и Маричиќ, лажат оти се работи за нов и подобар предлог само за да го убедат народот тој да биде прифатен.

„Политичките елити во Скопје се обидуваат да ја сменат реториката за тоа решение, преку редактирање на некои суштествени делови, како аргумент за да го убедат македонското општеството дека треба да се прифати тоа што им е понудено. И тоа е правилно.“ – Истакна Христо Иванов, претседател на „Демократска Бугарија“.

Иванов, кој инаку тврди дека е македонец по мајка, а истовремено и еден од авторите на францускиот предлог, уверува дека не само што нема поразличен предлог, туку и дека ако Македонија започне преговори со унијата, најмалку 10 години ќе биде под надзор на Бугарија и напредокот ќе зависи од исполнување на бугарските барања.

„Тоа решение го заштитува бугарскиот национален интерес. Тоа решение има цел да ја заштити бугарската кауза во Македонија. Следат најмалку 10 години во кои Македонија ќе преговара со Европската Унија. Ние во целиот тој процес ќе ја задржиме нашата можност да укажуваме на различниот степен на напредок, со поддршка на европската комисија и советот на европската унија.“ – Додаде тој.

Во дебатата на бугарската национална телевизија се отвори и дилемата за тоа, дали бугарските политичари ја изгубиле способноста за компромис, како во внатрешната, така и во надворешната политика.

За разлика од Скопје, во Софија предлогот беше експресно прифтен, а и надополнет.
Истовремено, Христо Иванов не е единствениот во Бугарија кој тврди дека нема ништо поразлично во францускиот предлог. Истото го потврдија и министерката за надворешни работи во Бугарија, Теодора Генчовска, како и француската амбасадорка во Софија.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174