Без решение на корупцијата и криминалот патот кон ЕУ не може да е отвори

Управувањето со размената на бегалци, поствоена реконструкција на Украина, јакнење на односите со земјите од Западен Балкан, проширување на Европската Унија преку градење консензус – амбасадорот на Чешка Јарослав Лудва ги презентираше приоритетите на Чешкото претседателство на собраниската Комисија за Европски прашања.

Јакнење на партнерството и односите со други држави, главно Западен Балкан, Украина и источното партнерство. Уште еден приоритет кој што е високо на нашата агенда, тоа е проширување на ЕУ преку градење консензус, преку доделување и постигнување на содржаен напредок во преговорите за проширување и поддршка на процесот на проширување со државите од Западен Балкан, и конечно давање кандидатски статус на Украина –изјави Јарослав Лудва – амбасадор на Чешка во Македонија.

По низата европски челници, и евроамбасадорот Дејвид Гир, уште еднаш потенцираше дека борбата против корупцијата треба да биде високо на агендата кога е во прашање евроинтегративниот пат на Македонија.

И сакам уште еднаш да го нагласам кластерот со основите и борбата против корупцијата. Комплициран патот но нема да бидете сами.Европската Унија и членките ќе бидеме на патот со вас, и ќе ви обезбедиме техничка, политичка и финансиска поддршка – изјави Дејвид Гир – евроамбасадор во Македонија.

Според вицепремиерот Маричиќ, скринингот кој следи ќе овозможи да се разгледаат суштинските елементи поврзани со ЕУ.

Пред нас е започнување на скрининг процесот на законодавството што ќе ни овозможи да зборуваме за суштински елементи врзани со преговорите за ЕУ, надвор од билатералните прашања со други земји. Со одржувањето на меѓувладината конференција, се операционализираше одлуката на Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори – изјави Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања.

Опозицијата бара власта да го слушне народот кога станува збор за горливите прашања како промената на Уставот. Според опозициските пратеници Македонија не може да го оствари европскиот сон додека тука владеат криминалот и корупцијата.

Се надеваме дека ќе создадеме услови со меѓусебно почитување и овде во собрание да го изодиме патот и да ги спроведеме овие критериуми онака како што треба а кога станува збор за горливите прашања како што се уставот и идентитетот да го прашаме народот – изјави Миле Лефков – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

На Македонија и претсои уште едно отворање на Уставот доколку власта обезбеди двотретинско мнозинство. Со првата меѓувладина конференција започнува скринингот, а за тоа време земјава треба да го исполни условот со внесувањето на Бугарите во Уставот.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста