Алкалоид најпосакувана македонска компанија за вработување

Компанијата „Алкалоид“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2022 година, според анкетата спроведена од веб-порталот на агенцијата за посредување при вработување „вработување.ком“. На јавното анкетно истражување спроведено во периодот од 26.5.2022 до 19.6.2022 година дури 41% од вкупно 1.468 испитаници одговориле дека би сакале да работат во „Алкалоид“.

Наградите за најпосакуван работодавец се доделуваат врз база на три критериуми: Бројот на посети на огласите и на објавите на сајтот „вработување.ком“, покажаниот интерес од апликантите и јавното анкетно истражување.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста