Дали бизнисот ги поврзува Георгиевски и Заев во Струмица?!

Зоран Заев и Љубчо Георгиевски. Двајца поранешни премиери, двајца кои потпишаа договори со Бугарија, но ги поврзува и Струмица, а ги поврзуваат и бизнисите. Според она што го говори струмичката чаршија и двајцата и повеќе од убаво заработуваат во овој град. Едниот е горд на своите бизниси и не го крие тоа, другиот пак очигледно се обидува да ги сокрие своите фирми, регистрирани на име на друго лице.

Една од фирмите која се поврзува со Георгиевски, а е со седиште во Струмица е АМГ Едилха, која официјално е во сопственост на физичко лице од селото Секирник, општина Босилово. Но како што претхдоно објави Фактор, две третини од вкупниот влог во Едилха имала фирмата ВИП Проект, каде соспственик е физичкото лице Љубчо Георгиевски, чиј матичен број кореспондира со денот, месецот и годината на раѓање на поранешниот премиер.

На истата адреса со Едилха постои и уште една фирма, Ди Фи Мар, a и таа се води на име на друго физичко лице.

Улица Свети Климент Охридски број 240, едно обично стовариште, но на оваа адреса според централниот регистар се наоѓаат и уште две компании АДМ Едилха и Ди-Фи Мар

Според информациите главниот бизнис на Георгиевски во Струмица е градежништвото и изградбата на згради во овој град.

Иако во регистарот запишана на име на друго физичко лице оваа зграда во центарот на Струмица, според она што го знаат и говорат струмичани е во сопственост на Љубчо Георгиевски, поранешниот премиер на Македонија, а денес самопрогласен бугарофил. Според нив ова не е единствениот бизнис кој што му носи голем профит на поранешниот премиер на Македонија, тој во овој град има и други бизнис од кои заработува и повеќе од добро. 

Градежништвото не е единствениот бизнис за кој во струмичката чаршија се тврди дека стои Љубчо Георгиевски.

Здравец, здраво, вкусно, превосходно. Во Здравец – избрано за вас. Работно време од понеделник до сабота од седум до 22 часот, во недела од 8 до 17 часот, сепак во моментов се реновира. Но, дали е таа реалната слика.

Струмичани пред камерата на Алфа велат дека знаат оти Георгиевски има бизниси во Струмица.

-Верувајте знам ако Здравец е негов.

-Слушам нешто маркети има, нешто се меша и во градежен бизнис.

-Има таму еден кај автобуската стара што беше. Па имаше продавница, сега е затворена.

-Мислам дека имаше, Здравец се говореше.

-Се говори во народот, дека наводно има градежна фирма и дека некои згради се градат во Струмица, дека се негови, а дали е точно дали не е точно он си знае најдобро. 00003 втора картичка.

Струмица е само еден од градовите каде Љубчо Георгиевски тера бизнис. Алсат своевремено објави истражување дека фирмата ГМ Инвест груп, која е во сопственост на Едилха, победила на аукција и купила парцела за 44 евра за квадрат на атрактивна локација во центарот на Скопје, под Кале, каде требаше да се гради хотел во барок стил, но на крајот се изгради станбена зграда, каде сега се продаваат станови.

За Георгиевски се шпекулира дека тежи неверојатни сто милиони евра. Барем така уште пред десетина години пишуваше „Бизнис 24“ обработувајќи ја темата „Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер“.

Матеја Петровски

Advertisements