Плата од 55.000 денари за инженер, 30.000 за возач: „Бехтел и Енка“ ќе гради а државата распишува огласи

Од 70 илјади денари за градежен инжињер, до 30 илјади за шофер за тие што сакаат да работат на изградбата на новите автопати. Наместо изведувачот „Бехтел и Енка“, јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за привремено вработување на работници за изградба на четирите делници од коридорите 8 и 10. Засега се бараат само 28 работници, кои веројатно ќе работат во првата фаза од проектот. На кои делници и каде, не пишува. Огласите ќе траат се до завршувањето на проектот, односно со 22 јануари 2028 година.

Интересно е што, претпријатието го распиша огласот според постоечкиот правилник, во кој пишува дека вработените ќе работат само 40 часа неделно, што е спротивно на тоа што досега го зборува владата односно тоа што е содржано во предложените законски измени со кои се бара 60-часовна работна недела. Правилникот вели дека кандидатите за работни позиции мора да се македонски државјани, па нејасно е како ќе се остварат најавите на премиерот Ковачевски за увоз на работници од странство ако не се донесат законските измени.

  • „Во нашата држава ние имаме закони кои што важат. Доколку се донесат законски решенија кои што ќе предвидат други услови за работа. Тогаш ќе се аплицираат тие услови за работа. Инаку и сега кај нас согласно законските решенија може да се работи повеќе од 40 часа, односно 50 часа. Така да има голем број на работници кои што работат и часа по свој избори и по своја согласност“ – Изјави премиерот Димитар Ковачевски

Според огласот за вработување, јавното препријатие државни патишта бара градежни, сообраќајни и електро-инженери, урбанисти, општественици, администратори, преведувачи и шофери. Најниската плата за овие работни поазиции ќе изнесува безмалку 30 илјади, а највисоката нешто над 70 илјади денари. Изборот може да трае од 45 до 120 дена во зависност од бројот на кандидатите, а поред конкурсот, за прием на кандидатите ќе одлучува посебна комисија.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста