Владата го почна процесот за издавање еврообврзница

Владата денеска го почнала процесот за издавање нова еврообврзница. Според се уште непотврдени информации 6-годишната еврообврзница се издава со максимална камата од 4,5%, а процесот го водат Сити груп, Ерсте груп, Дојче Банк и ЈП Морган. Процесот треба да се заокружи на 3 јуни. Владата претходно најави дека ќе позајми најмногу 800 милиони евра. Техничкиот премиер Спасовски е уверен дека и покрај недостатокот на свежи пари, интересот кај инвеститорите ќе биде голем. Со парите треба да се покрие буџетскиот дефицит и државата полесно да се справи со корона кризата.

Владата се уште не ги донесе ниту уредбите со кои треба да се уреди помошта која граѓаните и фирмите треба да ја добијат преку третиот пакет мерки. Од Владата велат дека Уредбата за платежните картички треба да се донесе денеска или утре, а за ваучерите до истекот на вонредната состојба.

Странските инвеститори побараа Владата да ги прошири мерките и да им помогне бидејќи малку фирми искористиле помош од државата. Алармираат дека цела автомобилска индустрија е погодена и дека едвај ги исполнуваат обврските и кон клиентите и кон вработените. Од Владата велат дека ќе ги разгледаат барањата за целосни грантови, субвенции за плати, 6 месечен мораториум за обврските кои произлегуваат од договорите за државна помош, како и за усогласување на царинските стапки.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста