Трета по ред победа за КК Пелистер во ПЛ

Кошаркарите на Пелистер го совладаа тимот на Феникс со 86-74 во претпоследниот меч од третото коло во македонската Прва лига. Битолчани лошо почнаа, гостите ја презедоа иницијативата и на пауза заминаа со плус три (48-45). Сепак, Пелистер во вториот дел се врати во игра и лесно ја обезбеди третата победа по ред, за максимален учинок сезонава со ТФТ и Работнички. Иста задача ќе има денеска и шампионот МЗТ Скопје на гостувањето кај Еуро Никел од 18 часот во последниот дуел од третото коло.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста