Судијата Ставрев сакаше да го приведува претепаниот Трајковски, „ТНТ“ одложено за утре

Судијата Огнен Ставрев сакаше да го приведува претепаниот Тони Трајковски, кој поради повреди со кои се здобил синоќа, денеска не се појави пред судот. Поранешниот градоначалник на Гази Баба со повреди бил примен во Ургентниот центар а неговиот адвокатот Јовица Страшевски посочи дека состојбата на Трајковски е многу лоша, што може да се види и од фотографиите до кои дојде Алфа. Ставрев реши да го одложи рочиштето за утре изутрина во 9 часот, најавувајќи стражарно приведување на поранешниот прв човек на Гази Баба. Страшевски пак предупреди дека Трајковски мора да прима дополнителна терапија и дека мора да мирува 7 дена.

-Реалната вистинита здравствена состојба на Тони Трајковски е многу лоша. Излегоа слики по медиумите, само видливата повреда на главата,  значи тој има повреда и на телото, во тешка здравствена состојба е, не може да зборува. Има повреда од тврд предмет, треба да прима инјекција тетанус и други работи. Препорачуваат докторите најмалку 7 дена мирувањем, изјави Страшевски.

Претепувањето на Трајковски го потврдија и од Министерството за внатрешни

-На 22-ри овој месец околу 23,35 часот Т.Т пријавил дека во Скопје на пешачка патека во близина на болница по претходна вербална расправија со две лица, бил физички нападнат од нив, велат од МВР.

Инаку, во моментов судот е во вистинска трка со времето за завршување на случајот ТНТ, бидејќи доколку до утре нема пресуда, поради завршувањето на мандатот на судијата поротник Лилјана Ивановска- Кочковска целиот случај ќе се врати од почеток. Последните две рочишта за овој предмет траеја дури и до 12 часа, со што обвинетите практично без оневозможени квалитетно да ја подготват својата одбрана. поради „ТНТ“ одложени се сите други судења кои се во надлежност на членовите на овој судечки совет, а и за нив постои опасност да бидат вратени од почеток. Ставрев одлучи случајот зауривањето на Космос, да го стави пред случајот „Монструм“, каде се суди за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста