Стојанов за Алфа: Tреба помасовно тестирање, но здравствениот систем не може да го издржи тој удар

Здравствениот систем на респиратор? Ако кривата продолжи да расте или тече во исто темпо со троцифрени бројки на заболени и се тестира уште помасовно – македонскиот здравствен систем ќе колабира – предупредува епидемиологот и првиот човек на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов за Алфа.

“Јас како епидемиолог убеден сум што повеќе тестирања е подобро. Но може ли системот да издржи? Кој систем ќе издржи ? Значи не може системот. Јас сум да се тетсира секој…ама кој систем ќе го издржи тоа каде ќе ги најдеме 2 милиони теста ? “- вели Александар Стојанов в.д директор на Центарот за јавно здравје.

Секој кој што ќе се накашла треба да биде тестиран – ама тоа е невозможно во Македонија вели доктор Стојанов. Тој демантира дека алгоритамот е нефункционален како што многумина од епидемиолозите тврдат, ама признава дека патот е престрог за граѓаните да дојдат до ковид тест. Идеата за помасновно тестирање на населението, особено на ризичните групи на граѓани Стојанов ја гледа во закажување на термини и кај интернистите и пулмолозите но проблемот е големата злоупотреба на алгоритамот и недостигот на медицински кадар.

“Пулмолозите се дефинитвно квалитетно обучени за Ковид 19. Тие предлагаат да прават свој алгоритам и да закажуваат термини за да се тестираат ризичните групи на луѓе. Они се 40 тина пулмолози, во државата не знам точно колку има. И кога ќе почнат сите да прават тестови ќе прават и на пацинети ама уште толку ќе прават и на пријатели и познаници. Имавме човек од Клиника што секоја недела се тестираше – се злоупотребуваше.”вели Стојанов.

Чекањето по една недела за резултатите на ПЦР тестовите – дополнително ја отежнува состојбата, но и ги револтира потенцијалните заболени од корона. Според Стојанов тоа се должи на погрешните лични инфромации кои ги споделуваат пацинетите.

“Луѓето се нервозни ги чекаат резултатите. Ние не можеме да ги добиеме затоа што имаме погрешен број. Се е тоа комплицирано.”изјави доктор Стојанов.

Во меѓувреме, здравствените власти не размислуваат за враќање на рестриктивните мерки. Како што открива директорот на ЦЈЗ – во фокусот на Комисијата за заразни болести е – како, според кои протоколи ќе се стават во функција образовните установи од Септември. Повеќе од сигурно е дека основните, средните училишта и факултетите ќе започнат со настава. Додека за градинките дополнително ќе се развиваат разговорите.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста