Соработката во „земјоделство“ нарушена, Димковски и Трипуновски во исто време држат прес конференции

Министерството за земјоделство како раштиман оркестар. Наместо да се развива, секторот стагнира. Ресорниот министер и неговиот заменик речиси и да немаат соработка иако ја делат истата зграда. И двајцата велат дека соработката се одвива тешко, а тоа го чувствуваат земјоделците врз кои паѓа сиот товар.

За да биде уште пострашно, и двајцата во исто време закажаа прес конференции, но за различни теми. Министерот насочен кон иднина, а заменикот кон сегашноста, односно проблемите на земјоделците. И двајцата велат дека терминот бил случаен.

Што се однесува до откупот на тутун, министерот рече дека 97% бил откупен, а останатиот дел ќе се решел до крај на следната недела. Заменикот пак контра министерот. Му порача да излезе на терен, и да види дека состојбата не била за поздравување.

И додека тутунарите се незадоволни од тоа како се проценува квалитетот на тутунот, мака мачат и земјоделците од скопскиот регион, чии посеви беа уништени од невремето во 2018. Министерот рече дека било најдено решение, но како ќе се одвива постапката допрва ќе се утврдува.

– Пред две недели се усогласени Законот за заштита и спасување, кое е под Министерството за одбрана, а последната информација е дека работната група го има усогласено, а тоа значи финансии, одбрна и земјоделство. Од кај нас е веќе пратено позитивното мислење, штом ќе се комплетира, а очекувам денеска, утре најдоцна, како владин предлог измени на Законот за заштита и спасување да биде испратен во Собранието. Тоа ќе ни овозможи токму документите што ги имаме тука во Министерството да бидат доставени до Владата каде ќе се одреди процентот за обесштетување. Ова може е начинот. Талкавме две години да го најдеме патот, но конечно е најдено законско решение, за да го исчистиме патот, рече Димковски.

Одговорајќи на новинарско прашање рече дека ќе одржат средба со претставници и дека ќе им биде соопштено решението.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста