Секс-скандал ја тресе Франција: Макрон остана без кандидат за градоначалник на Париз

Бенџамен Гриво, поранешниот портпарол на француската влада, , изненадувачки се повлече од трката за градоначалник на Париз, откако протече компромитирано видео со сексуални содржини.

По  неговото  повлекување  партијата на францускиот претседател Емануел Макрон остана без кандидат за градоначалник на локалните избори следниот месец. „Моето семејство не го заслужува тоа. Никој не смее да биде цел на таква злоупотреба“, рече Гриво откако утрово го објави своето повлекување од трката за градоначалник на Париз.

„Гардијан“ објаснува дека во средата еден веб-сајт објавил видео-снимка со пораки, испратени до една жена, наводно од Гриво.

Видеото потоа се рашири на социјалните медиуми.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста