Милошоски објави адуио бомба во Собрание – З.З. знаел од каде му се парите на Боки – 13 за телевизијата

Милошоски објави бомба од собраниска говорница.Пушти аудио материјал, телефонски разговор во кој како што рече се слуша гласот на З.З. Аудиото, кое веќе е објавено на повеќе медиуми и порталот подолу, тврди дека му го доставил укажувач и го презентира врз основа на законот за свиркачи, од 2016-та година, јавниот интерес и правото на граѓаните, да дознаат за индиции за можен криминал, од страна, на највисоките државни функционери. Во разговорот се зборува за финансирањето на Телевизијата 1 ТВ на Бојан Јовановски обвинет во случајот Рекет. Милошоски подекли и транскрипт од разговорот.

“Но, му требаат пари во тоа телевизијата и.

Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации.

Го прашав „Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата“?

Ми вика: „Имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за тоа старечките домови“.

Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата, главно за маркетинг, тоа беше уште порано лани октомври-ноември 2018-та година”, се вели во разговорот.

Овој разговор според Милошоски е доказ за тоа дека целта на законот за јавно обвинителство е скриена амнестија.

“Сметам дека транскриптот и аудио материјалот фрлаат една мала светлина на тоа кој навистина сака скриена амнестија и зошто некој предлага какви било криминали во кои има индиции за висока корупција и организиран криминал, да може да важат до вчера, а не денес или утре”, рече Милошоски.

Министерката Дескоска го повика Милошоски да го достави материјалот до институциите.

“Вистинската адреса доколку има такви ситуации е ЈО. Се надевам дека и вие ќе постапите ако верувате во тоа што денеска го презентирате”, рече Дескоска.

Инаку прњедлог законот за јавно обвинителство експресно помина на матичната комисија во собранието. Амандманот на Алијанса за Албанците беше одбиен, а Панчо Минов воопшто не стигна да го поднесе. Од ДУИ се среќни што успеале да избоксуваат Бадентер и албански јазик во обвинителството.

“Успеавме да воведеме Бадентер во изборот на сите јавни обвинители во обвинителството за гонење организран криминал и корупција, успеавме да ја вметнеме и целосната еднаква службена употреба на албанскиот јазик во Јавното обвинителство  и Советот на јавни обвинители, согласно со одлуките пропишани во Законот за употреба на јазиците, како и намалување на критериумите за избор на јавни обвинители при што ќе се обезбеди правична застапеност и на Албанците и на другите етнички заедници во Јавното обвинителство”, рече Артан Груби од ДУИ.

Законот се сели на пленарна седница. За негово изгласување се потребни 80 гласови.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста