Симовски ја враќа топката кај Караџовски за одложување на пописот

14 дена до старт на пописот во Македонија, а нема доволен број на  попишувачи. Слабиот одзив резултираше со уште еден оглас за пријавување кој е во тек. Директорот на заводот за статистика Симовски проблемот го лоцира во стравот од корона вирусот.

Претпоставувам дека поголемиот дел од проблемот е кризата со короната, бидејќи имавме број на пријавени уште во првиот циклус, но не дојдоа на тестриање. Претпоставуавм дека има страв од короната или нешто слично, вели Симовски.

Но кое е решението доколку не се најде доволен број на попишувачи, Симовски без конкретен одговор – вели да се почекал резултатот од последниот оглас. Иако пописот е пред речиси самиот старт, а обуката за попишувачи се уште не е реализирана. Логично се наметнува дилемата  дали ќе има доволно време за тие да бидат обучени. Симовски вели време има, обуката ќе трае два дена односно од 28 до 30 март, за попишувачите да не заборават што научиле од обуката.

Бројките на новозаразени растат, но пописот е се поизвесно дека ќе се реализира, иако Симовски рече единствен начин за негово одложување е со препорака на Комисијата за заразни болести. Откако Караџовски се изема од одговорност да одлучува, сега првиот човек на Статистика, вели дека ниту тие не можеле да донесат таква одлука.

Ние мораме да ги почитуваме одлуките, една работа се препораки, друга работа се одлуките. Комисијата може да даде препораки само, но установиле дека во овој момент се уште постојат можности да се спроведе пописот и ние тоа го почитуваме. Ако теоретски дополнително се влошат околностите и Комисијата препорача дека нема услови и Владата донесе одлука, наше е да почитуваме. Во овој момент ние пред нас имаме попис, вели Симовски.

Опозицијата е децидна пописот мора да се одложи, најпрво заради здравјето на граѓаните, но и заради проблемите во законското решение. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски повикувајќи се на кажувања на Светсакта здрвствена организација, вели дека  кога едно лице е заразено, додека тоа биде потврдено, заразува најмалку девет други лица.

Да беа набавени вакцините против коронавирусот немаше да имаме ваква епидемиолошка слика. Еве едноставно зошто треба да е одложен пописот. Согласно она што Заводот за статистика го кажува е ќе има 5.500 попишувачи, кога тие ќе се среќаваат со илјадници луѓе веројатноста да заболат е огромна.Што значи дека во процесот на попис, овие 5500 попишувачи ќе го пренесат вирусот на 49.500 лица. И во Македонија смртноста е меѓу највисоките или е 4,9 проценти, што значи дека попис во април ќе значи 2400 мртви од корона и ќе значи колапс на здравствениот систем затоа што педесттина илјади луѓе ќе заболат“, кажа Николоски.

Преходно и низа експерти и аналитичари посочија дека пописот треба да биде одложен оти во Македонија има полициски час заради лошата состојба со пандемијата, а од друга страна се подготвува попис.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста