САРКОЗИ ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ПОЈАВИ НА СУДЕЊЕ ЗА КОРУПЦИЈА

Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска ќе се појави пред суд под обвинение за корупција и злоупотреба на влијание.Ова е првиот судски случај од неколкуте истраги што се водат против овој десничарски политичар, кој беше на чело на Франција во периодот од 2007 до 2012 година, и сега за првпат ќе се појави пред судија по неколкугодишните обиди да се отфрлат или поништат обвиненијата.Во случајот познат како „скандал со прислушувањето“, обвинителството тврди дека Саркози и неговиот адвокат Тиери Херцог се обиделе да го поткупат судијата Жилбер Азибер да им предаде тајни информации од посебната истрага против овој поранешен француски лидер. Саркози е обвинет дека на судијата Азибер му понудил да му обезбеди пријатно работно место на Азурниот брег.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста