Руска вакцина против сите видови на КОВИД-19

Медицинските експерти кои ја советуваат американската Агенција за храна и лекови  го препорачаа итното одобрување на вакцината против ковид-19 развиена од „Фајзер“ и „Бионтек“.Вакцината на „Фајзер“ досега е одобрена од Велика Британија, Канада, Бахреин и Саудиска Арабија.

Таа треба да биде формално одобрена од ФДА за неколку денови.

Вакцината би можело да ја има за неколку дена, а најранливите категории би можеле да ја примат веќе наредната недела велат тамошните здравствени власти.

Руската фабрика „Медсинтез“, прави  вакцина против вирусот корона наречена „Урал“, која ќе биде ефикасна во борба против кој било вид на Ковид 19, па дури и оние кои може да се појават во иднина тврдат високи претставници на компанијата.

Вакцината ќе може да се транспортира и чува на температури од +2 до +8 степени во течен облик, што го поедноставува процесот на транспорт.

Во тек се предклинички испитувања на вакцината „Урал“ врз глувци,  по што ќе се започне со клинички испитувања.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста